Денеска е Рамазан Бајрам

Од:

Муслиманите во Република Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Во текот на Рамазанкиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна чествувањето на Рамазан во Мека, во затворен простор се примаат само вакцинираните и имуните верници

Жарко Настоски

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

Џамиите во Косово ќе се отворат откако ќе се олеснат мерките за заштита од Ковид-19

А1он

За Рамазан во Гостивар ќе има бесплатен леб за секое сиромашно семејство

А1он

Почнува рамазанскиот пост

Ана Ололовска

Денеска е Рамазан Бајрам

Од:

Верниците со исламска вероисповест денеска го слават празникот Рамазан Бајрам со кој завршува Светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.

Рамазанските пости се една од основните обврски на муслиманските верници.

Прославата за рамазанскиот – Бајрам трае три дена. Првиот ден се извршува утринска молитва – Бајрам Намаз. Верниците си разменуваат подароци и ги посетуваат роднините и пријателите.

Исламското учење вели дека во Светиот месец Рамазан е објавена светата книга Куран.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска