Денеска дождливо време

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд особено попладне и во југозападните делови. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Поврдарието.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо, попладне со повремен дожд и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 5.

И во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за слаб локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.

Од вторник ќе настапи период на стабилно време со пораст на дневната температура. Во четврток попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски