Денеска дожд, од утре снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Претпладне повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне и кон крајот на денот во источните, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој до крајот на денот во северните делови ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен источен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Температурата ќе се движи до 12 степени.

Утре поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови. Во четврток ќе биде студено, на места со провејување на слаб снег, а во петок се очекува разведрување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски