Демократски сојуз: Најостра осуда за нападот на новинарот на Канал 5

Од:

„Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на Мирјана Мирчевска Јовановиќ, новинарка на ТВ Канал 5, на која и се нанесени телесни повреди, а повеќе новинари се спречени да ја извршуваат својата професионална работа.

Демократскиот сојуз инсистира на брза и ефикасна реакција на МВР и Јавното обвинителство за целосно расчистување на насилното однесување и преземање законските мерки.

На новинарите мора да им се обезбедат услови за да можат навремено и објективно да ги информираат граѓаните за сите настани“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март