Демократски сојуз: Амнестија по завршување на судскиот процес

Од:

Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство, 2/3, неопходно за уставните промени.

„Разбирајќи ја потребата за компромис, вклучително и носење на Закон за амнестијата, укажуваме дека мора да се почитува принципот на презумпција на невиност и воздржување од упад на законодавната во судската власт, поготово поради тоа што судскиот процес за 27 април 2017 година е во завршна фаза.

Доколку предвреме се донесе Законот за амнестија, тешко ќе се откријат сите инволвирани во крвавиот четврток и обидот за државен удар, а “селективната” правда, дополнително ќе го охрабри Ѓорге Иванов, да донесе одлука за аболиција на организаторите и насилниците.

Демократскиот сојуз сугерира прво да се заврши судскиот процес, а потоа да се разгледа можноста за амнестија, со тоа што Законот за амнестија да стапи во сила едновремено со изгласувањето на уставните промени.

Поради сето ова, Демократскиот сојуз укажува дека, целокупниот процес треба да се води доста претпазливо и одговорно, за да не се сруши владеењето на правото и правната држава, како основни предуслови за продолжување на евроатланските процеси“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела