Демант на Груевски за изјавите на Заев

Од:

Aдвокатот Никола Додевски во својство на полномошник на премиерот Никола Груевски, испрати демант на прес-конференциите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во последните три дена.

Polnomosno

„Врз основа на членот 14 од Законот за граѓански одговорност за навреда и клевета во целост ги демантираме наводите од изјавите на лицето Зоран Заев објавени во вашиот медиум како невистинити и целосно измислени.

Невистинити и измислени се наводите дека Никола Груевски бил главниот креатор на криминалиите во државата, таткото на криминалот во Република Македонија, дека земал 1.500.000,00 евра во кеш од бизнисмен именуван како газда Нини, дека затаил 225.000, 00 евра анок, дека контролирал оф-шор и домашни компании кои имале акции во Македонска банка и дека се стекнал со 2.400.000,00 евра кеш од продажбата на акциите на Македонска банка, како и сите останати наводи изнесени на прес-конференциите, вклучувајќи ги и изјавите содржани во аудио снимките и нивниот транскрипт и истите всушност се невистините изјави дадени од лицето Зоран Заев.

Никола Груевски никогаш немал акции во именуваната банка, а сите изјави на прес-конференциите се невистини дадени исклучиво со намера да се наштети на честа и угледот на Никола Груевски.

Demant

Врз основа на даденото полномошно против Зоран Заев ќе поднесеме тужба за утврдување на одговорност за клевета и надоместување на штета“, се наведува во демантот на изјавите на лидерот на СДСМ, потпишан од адвокатот Никола Додевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар