Делегации на Македонија и Бугарија во Рим положиле цвеќе на гробот на Св. Кирил.

Од:

Во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, 24 Мај, денеска во базиликата Сан Клементе во Рим, делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија, положиле цвеќе на гробот на Св. Кирил.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, делегациите ги предводеле вршителите на работи во амбасадите на Република Северна Македонија при Светиот Престол и Република Италија, Александар Спирковски и Магдалена Димова, како и нивните хомолози од бугарска страна, амбасадорите Богдан Паташев и Тодор Стојанов. Биле присутни и вработените во амбасадите, а на делегациите добредојде им посакал отец Стивен Хачинсон, јереј во базиликата Сан Клементе.

„Шефовите на делегациите одржаа кратки пригодни говори, при што беше истакнато одбележувањето на 1151-вата годишнина од смртта на Св. Кирил во Рим, неговиот историјат, значењето на светите браќа просветители за целокупната словенска писменост, но и за историјата и доближувањето на македонскиот и бугарскиот народ, како и основата што ја создаваат за градење на добрососедските односи и во иднина. Од страна на македонската делегација на гробот на Св. Кирил беше положен венец во име на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, како покровител на годинешната манифестација – Денот на Св. Кирил во Рим, а сите присутни дадоа пригодна почест и на олтарот во базиликата, каде денес е положен фрагмент од моштите на Св. Кирил.“, информира Кабинетот.

Заради актуелната состојба со пандемијата на КОВИД-19, традиционалните манифестации поврзани со одбележувањето на Денот на Св. Кирил во Рим, се одложени за подоцна, во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа Парламентот во Софија

А1он

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

А1он

Талат Џафери го честиташе Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

А1он

Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј за папата Франциск

Ана Ололовска

Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ Рим

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Нолчева: Остануваме посветени на грижа и унапредување на македонскиот јазик

Ана Ололовска