Дел од граѓаните на Кавадарци два дена без вода

Од:

Голем дефект на водоводна цевка фи 150 ги остави два дена без вода за пиење кавадарчани кои живеат во високата зона на градот, запад, жителите на селата Шивец и Возарци, како и комбинатот „Фени”.

Раководителот на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци Марјан Прескакулев денеска рече дека интензивно работат на дефектот и се очекува тој да биде отстранет до 17 часот.

– Се работи за многу голем дефект и ние со сите расположливи сили правиме напори да го доведеме водоснабдувањето на кавадарчани од тој дел на градот во нормален ред најбрзо што можеме, нагласи Прескакулев.

Од територијалната противпожарна единица од градот во текот на вчерашниот ден испратиле две цистерни со вода за жителите на Шивец и Возарци, а најавија дека се спремни на такво нешто и денес доколку има потреба од тоа.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он