Дебрани го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз сограѓанин

Од:

Неколкумина дебрани пред кафе бар го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз нивен сограѓанин.

– На 19 јули околу 2:00 часот, пред кафе бар лоциран на улицата „8 септември“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од неколку лица врз К.К.(23) од Дебар. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Димоски исто така информраше дека во последното деноноќие полициските службеници на дебарското одделението за внатрешни работи констатирале три прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов