Дебарскиот суд ќе одржува дел од судењата за одредени кривични дела

Од:

„Судиите и судската служба во Основниот суд Дебар се должни да постапуваат по препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи, со преземање на сите мерки на претпазливост.

За време на кризната состојба во Основниот суд Дебар се извршуваат само нужните работи и тоа:
-Судења на кривични предмети кога обвинетиот е во притвор;
-Кривични предмети на странките кои не живеаат во Република Северна Македонија а се затекнати во Општина Дебар и Центар Жупа;
-Кривични предмети за крвичните дела „Пренесување заразна болест“ по член 205 од КЗ, „ Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ, „Несовесно лекување болни“ по член 207 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ по член 387 од КЗ;
-Предмети за примена на времени мерки;
-Прекршочни предмети од итна природа;

Приемот на поднесоците се врши електронски“, информираше Судски совет преку соопштение.

„Уверенијата и другите судски акти се доставуваат електронски до странките и надлежните органи доколку постојат технички услови за тоа. Закажаните расправи по предметите кои не се од итна природа, како и предметите во кои едната или двете странки се со живеалиште или престојувалиште надвор од општините Дебар и Центар Жупа се одлагаат до завршување на кризната состојба. Претседателот на Основен суд Дебар е должен да обезбеди континуирана комуникација со судиите, судската служба, надлежниот обвинител и другите учесници во системот на управување со кризи. Должен е да ги применува одлуките, насоките, препораките и другите мерки и активности на Владата на РСМ, Министерството за здравство и другите надлежни органи.

Апелационен суд Гостивар постапува по жалби по предметите на Основниот суд Дебар по кој се суди на нејавна седница“, се додава во соопштението на Судски совет.

Би можело да ве интересира

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост