Иако Македонија ни е многу блиску, хрватската јавност ретко има увид за се што се случува во оваа држава. Се наближува довршувањето на бизарниот проект, „Скопје 2014“, покренат во мандатот на владата на Никола Груевски. За само неколку години лицето на градот е потполно изменето. Некои од вистинските македонски великани се тргнати настрана за да се направи место за античките херои кон кои се сврти Македонија, во досега невидената инкарнација на национализам на Балканот, пишува хрватскиот портал Danas.mk.
Гледајќи во поубавото, далечно минато, власта одлучи средиштето на градот да му го подари на Александар Македонски, на неговиот татко Филип и мајката Олимпија, да ги позлати мостовите и да ги украси со статуи, да постави златни и бронзени лавови насекаде, и да изгради нови преукрасени мостови на Вардар, да ги обнови фасадите во антички, или како што може да се слушне во барок стил, што всушност се заедно е погрешното име за кичот кој завладеа по улиците на Скопје.
Овој културоцид, кој со својата турбофолк енергија може да го натера човек и на смеа, всушност служи за одвраќање на вниманието од длабоката е општа криза на македонското општество, нарушената демократија по сите основи, пренесува порталот, во уводниот дел на интервјуот со новинарката Тамара Чаусидис.