Далип: Амди пријателе, плачот на охридските тезгаџии те повикува

Од:

Демир Далип, потпретседател на Сојузот на Египќаните на Македонија, бара пратеникот Амди Бајрам да ги исполни ветувањата дадени за време на изборната кампања.

Египќаните, вели Далип го послушаа барањето на Бајрам да гласаат за ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,како и за кандидатот др Никола Бакрачески. Египканите, и сега е време, бара Далип, тој да дојде тука и да ги брани нивните права…

Еве што напиша Далип на својот ФБ профил, како порака и апел до Амди Бајрам

АМДИ БАЈРАМ, ДОЈДИ ПРИЈАТЕЛЕ ВО ОХРИД, ПОМОГНИ….

Почитуван пратениче, голем пријателу на Египќанскиот народ, дали го слушаш, таму во Скопје, плачот, крикот, и беспомошноста на твоите пријатели и брака Египќани, кои како и твоите Роми, изложени на дожд и сонце, на топло и ладно, лавовски се борат да извадат парче леб.

Знам дека знаеш, колку е тешко, кога и тоа крваво заработено ,,парче леб,, со дузина инспектори, 15 полицајци и 3 комбиња ,,плава лагуна,, применуваат сила на 2 средовечни жени, од кои едната ти е твоја своина, твој род, твоја крв.

Ти благодариме што не извади од нафталин, кога кажа една историска вистина, те цитирам: „Во Охрид, имам малку Роми, но затоа имам над 2.500 браќа и пријатели Египќани, кои ке гласаат за ВМРО-ДПМНЕ“.
Ти благодариме што испрати делегација на чело со заменик министер, кој убедливо кажа дека Египќаните доста беа чистачи, метачи, сега треба да им се даде директорско место, бидејќи има 20 Египќани со високо образование.

Но, драг Амди, сега те повикуваат твоите пријатели Египќани, да им помогнеш, да ја остварат својата егзистенција, бидејќи им се зема лебот од уста.Ние, не сме моќни да се бориме, не ни врви зборот, до тука е нашата сила пратениче. Имаш, морално, политичко и пред се човечко право но и обврска, да им помогнеш, на оние кои не те усрамија.Ти, знам дека ги осеќаш нашите страданија, ти знам дека нема така да оставиш, особено во овој свет месец Рамазан, Охрид те чека, плачот  на охридските тезгаџии те повикува, верувам дека нема да не разочараш.
dalip

Би можело да ве интересира

Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните, неговата партија погрешно информирала

Жарко Настоски

Амди Бајрам денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел

Жарко Настоски

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19, ќе се спроведе епидемиолошка анкета со неговото семејство и контакти

А1он

Почина Амди Бајрам, имал проблеми со срцето

Ландов

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Доста е за едни државата да биде мајка, за други маќеа

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Амди Бајрам: Бев на Титаник, ама пропадна и се префрлив на друг брод

Ана Ололовска