Дали ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ лошо се пресметаа?

Од:

А1он од партиски извори, дознава дека и покрај настапите и изјавите за јавноста, сепак имало средба на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за да се расчитатнекои работи.

Оваа и ваква ситуација , заклучиле, дека е добро да се одржува.

Но она што се договора дома, често на пазар не излегува, па така се случи со гласањето на ДУИ во Парламентот. Интегративците не сакаат да го дадат гласот, за ниту едно решение од Владата.

Министерството за Финансии согледуваќи ги дупките во буџетот изготвиле нови закони за задолжување до Нова година и тоа најмалку три .

Заради овие дупки ги алармирале ДУИ дека ќе мораат да ги изгласаат заедно за да преживеат до избори.

Претставниците на ДУИ ги сослушале забелешките и рекле дека ќе алармираат во Централата.

После состанокот, ВМРО ДПМНЕ почнале да брифираат дека сепак некоја амбасада сака да ја изменаџира ситуацијата и дека ќе има олабавување на двете страни.

Дел од медиумите „загризале“ дека се тоа Американската и Британската амбасада, а впрочем ова помирување на двете партии би се случило само за во парламентот да се изгласаат новите задолжувања.

Сепак дека состојбата не е таква покажува вклученото црвено светло во локалните штабови на ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе имаат добиено информации дека коалицијата нема да опстане и да се подготвуваат за избори.

Денешен „Фокус“, излегува со наслов „ Колаицијата ќе пропадне, се подготвуваме за итни избори, ВМРО-ДПМНЕ ги алармира комитетите“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он