Да се почитуваат различностите, апелира Комисијата за заштита од дискирминација

Од:

Резолуцијата донесена во ОН во 1996 година што ја ратификуваше и Собранието на РМ, има обврзувачки карактер и им дава исти права на лицата со хендикеп како и на сите други, потсетува Комисијата за заштита од дискриминација по повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.

– Овој ден воедно претставува можност секој да се потсети на досегашните и идни активности кои треба да се спроведат за овозможување еднакви можности за лицата со хендикеп, соопшти Комисијата.

Комисијата за заштита од дискирминација во својата стратегија го има вклучено и прашањето на хендикеп како стратешка цел. Во март годинава утврди директна дискриминација по основ на телесна попреченост во областа на пристапот до добра и услуги. На едно лице не му беше овозможен пристап (соодветна инфраструктура), слободно движење и излегување од домот. Дадена е препорака до дискриминаторот да ги преземе сите неопходни мерки за адаптација на улицата во кое живее лицето со попреченост во согласност со техничките стандарди за пристапност за лицата со посебни потреби, врз основа на нивните лични карактеристики – попреченост.

Комисијата за заштита од дискриминација повикува на почитување на различностите и ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки за дискриминација со цел нејзино намалување и подигање на свеста за почитување на човековите права, принципите и дигнитетот на човекот кои му гарантираат сигурен и безбеден живот.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов