Да не се користат антибиотици на своја рака за Ковид-19 апелира Агенцијата за лекови

Од:

Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба (антибиотици). Од почетоткот на пандемијата со COVID 19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците.

Агенцијата за лекови и медицински средства во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите, ги потсетува здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт. (согласно одредбите утврдени во Законот ).

Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на корона вирусот COVID 19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.

Би можело да ве интересира

Вработени во МАЛМЕД сведочеа пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Онкологија

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“

Се повлекува лекот за кашлица „Фолкодин“ – може да доведе до алергиска реакција опасна по живот

Недостаток на антибиотици во Европа

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

МАЛМЕД: Рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци

А1он