МАЛМЕД: Рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци

Од:

Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty од шест на девет месеци.

-Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствени работници за продолжување на рокот на употреба на вакцината Comirnaty. Истото е дистрибуирано до здравствените работници на вакциналинте тимови, информираа денеска од МАЛМЕД.

Оттаму додаваат дека збирниот извештај за особините на лекот и Упатството за употреба следствено се ажурирани и во нив е наведен новиот рок на употреба на замрзнатите вијали, кој е продолжен од шест на девет месеци. Условите за чување остануваат непроменети, на температура од -90 °C до -60 °C.

Во рамки на рокот на употреба од девет месеци неотворените вијали може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 °C до -15 °C еднократен период од најмногу две недели и може да се вратат на температура од -90 °C до -60 °C .

Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД) оваа одлука ја има објавено јавно на својата веб страница во ноември 2021 година и за истата ги има информирано здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Вработени во МАЛМЕД сведочеа пред собраниската Анкетна комисија за работењето на Онкологија

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Се повлекува лекот за кашлица „Фолкодин“ – може да доведе до алергиска реакција опасна по живот

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски