Да не се чека по шалтери – граѓаните ќе можат да вадат документи по електронски пат

Од:

За да се намали фреквенцијата и редовите на чекање, особено за документите кои најчесто им се потребни на граѓаните, овозможивме најчесто бараните документи како изводите од матичните книги на родени, венчани, умрени, да можат да се добијат по електронски пат и нема никаква потреба граѓаните да се појавуваат на шалтери, рече на денешната прес-конференција министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

На порталот uslugi.gov.mk во моментов има 128 услуги кои се достапни за граѓаните. Станува збор за потврди од најразличен вид од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.

„Апелираме и до сите граѓани кои имаат потреба од различни услуги или консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат. Нема никава потреба да се посетуваат институциите физички. Само со целосен наш придонес ќе ја намалиме можноста за ширење на вирусот“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Пасошите со „северна“ поскапи за 500 денари: МВР ги покачи цените на личните документи

Орце Костов