Црвенковски упати честитки по повод големиот христијански празник Воскресението Христово ВЕЛИГДЕН

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово Велигден упати честитка до Апостолскиот егзарх, скопскиот Бискуп г-дин Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во која се вели:

„Дозволете ми Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресението Христово ВЕЛИГДЕН со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови.

Ја користам оваа убава прилика да го нагласам моето искрено уверување дека сите ние заедно ќе продолжиме секојдневно да го даваме својот придонес во градењето на просперитетна европска иднина на Република Македонија во која секогаш ќе владее меѓусебното разбирање, взаемното помагање и толеранција. Католичката Црква во Република Македонија суштински придонесува во негувањето на овие вредности и убеден сум дека и понатаму со заедничко вложување ќе продолжиме во истата насока.

На крајот дозволете ми уште еднаш да Ви посакам Вам лично и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да ги поминете Велигденските празници во кругот на семејството во добро празнично расположение“.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!