Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј упати честитка до граѓаните.
– Дозволете ми, во мое лично име и од името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на македонскиот народ и неговата традиција и култура.
Епохалното дело на словенските просветители претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни особености.
Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција.
Нека ни е честит денот на сесловенските просветители – порача Црвенковски.