Црвениот крст отвори телефонски броеви и сметка за помош за погодените во земјотресот во Хрватска

Од:

Црвениот крст на Република Северна Македонија упати апел за помош на настраданите во земјотресот што вчера ја погоди Хрватска.

Хуманитарната акција ќе трае до крајот на јануари 2021 година. Црвениот крст ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата, како и финансиска помош за погоденото население

Средства може да се донираат на телефонските броеви за донации. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари за хуманитарна помош на настраданото население во Хрватска:

За корисниците на Македонски телеком 070 143 400
За корисниците на А1 Македонија 075 143 400

Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро-сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст на РСМ:

Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка

Граѓани од други земји може да донираат на:
Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228

„Со големo жалeње ја слушнавме веста за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди областа на Петриња и Сисак во Република Хрватска на 29 декември 2020 година. Искрено сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредени граѓани на Република Хрватска. По случувањето на земјотресот, Црвениот крст на Република Северна Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата. Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата, како и финансиска помош за погоденото население“, велат од Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски