Црвениот крст организира бесплатни обуки за негуватели на стари и немоќни лица

Од:

Сите заинтересирани лица постари од 25 години и имаат завршено минимум средно образование од денеска до 30 март можат да се јават на конкурсот за бесплатна обука на негуватели на стари и немоќни лица што го распиша Црвениот крст на град Скопје.

Лицата што ќе ја посетуваат обуката ќе добијат верифициран сертификат за негуватели на стари и немоќни лица.

– Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија, да бидат постари од 25 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат завршено минимум средно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, соопшти Црвениот крст на град Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: [email protected] , на телефонскиот број 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13 во Скопје.

Би можело да ве интересира

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска