Црвениот крст исплатил хуманитарна помош на 3.515 настрадани семејства

Од:

 Црвениот крст на Република Македонија денеска соопшти дека извршил исплата на хуманитарна помош на 3.515 настрадани семејства во кризните региони – Скопје и Тетово, согласно списоците од надлежните институции кои ги содржат податоците за лицата погодени од поплавите.

– Поради недостатоци во податоците, средствата од хуманитарната помош не се префрлени на 426 семејства и истите се контактираат од страна на Црвен крст на Република Македонија со цел комплетирање на податоците потребни за исплата, велат од Црвениот крст.

Од Црвен крст на Република Македонија посочуваат дека во своето работење се раководат од позитивните правни норми во државата. – Во овој контекст, при исплатата на хуманитарната помош до настраданите семејства Црвен крст на Република Македонија го примени членот 3 од Законот за персонален данок на доход согласно кој при секоја исплата кон физичко лице (освен во случајот на чллен 6 од Законот за персонален данок на доход) потребно е да се плати персонален данок во висина од 10 отсто, се додава во соопштението од Црвениот крст на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски