Црвениот Крст Гостивар во акција за помош на сиромашните

Од:

Со кампањата под мотото „Помислете и на нас“, во гостиварскиот регион започна одбележувањето на Неделата на борба против гладта. Наредниве денови, општинската организација на Црвен Крст Гостивар ќе се приклучи со повеќе активности и хуманитарни акции.

Целта на кампањата е да се подигне свеста кај лугето за проблемите со сирамаштијата и гладта и дополнително да ги инспирира за да ја пакажат нивната солидарност.

Гостиварскиот Црвен Крст планира собирање на донации низ основните и среди училишта со делење на бонови во вредност од 20 денари, уплати преку повик на телефонскиот број 143-400 и уплата на жиро сметка на Фондот за солидарност.

– Деновиве „Клубот на млади“ ќе постави и посебен штанд за собирање на средства. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмените да се вклучат во нашите хуманитарни акции и да придонесат за помош на оние семејства на кои тоа им е најпотребно, рече Мерита Алили, секретар на ОО Црвен Крст Гостивар.

Со собраните парични средства ќе бидат обезбедени пакети со храна за социјапно загрозени семејства во гостиварскиот регион.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски