Црвениот крст ги додели признанијата платинест, златен и бронзен поддржувач

Од:

Црвениот крст на Република Македонија денеска ги додели признанијата платинест, златен и бронзен поддржувач за остварена соработка со неколку компании.

Признанието „Платинест поддржувач“ годинава ја доби ЕВН Македонија, „Златен поддржувач“ компаниите „Алкалоид“ и „ПроКредит банка“, а признанието „Бронзен поддржувач“ им беше врачено на „Стопанска банка“ АД Скопје, „Трансмет“, „Студио Модерна“ и „Рамстор“.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити пред доделувањето на признанијата посочи дека четврта година по ред доделуваат вакви награди во знак на благодарност за обезбедената партнерска соработка и поддршка на општествено корисни социјални програми.

– Поддршката која ја обезбедува Црвениот крст на Република Македонија од овие успешни компании претставува позитивен пример, за што се надеваме и останатите големи компании во земјата ќе го следат нивното општествено одговорно работење и во иднина ќе се препознаваат како стратешки партнери во големото семејство на „поддржувачи“ на хуманитарната мисија на Црвениот крст на Република Мкаеоднија за ефикасна поддршка и застапување на интересите на ранливото население, рече Саити.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски