Црвен Крст со помош за семејство во социјален ризик од Ранковце

Од:

Десетина волонтери на Црвениот крст, членови на тимот за промоција на хумани вредности од основно општинско училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ од Ранковце, реализираа проект за помош на семејство во социјален ризик од општината.

Проектот беше заокружен со хуманитарна театрска претстава, а собраните средства се наменети за тричленото семејство на Орхан Петрушевски, кое нема никакви парични примања.

– Претставата „Малку кавга – многу љубов“ е напишана по сопствено сценарио во консултација со наставничките по македонски јазик Марија Јакимовска и Светлана Лазаревска. Прикажана е три пати пред различна публика, а влезниците се продаваа по симболична сума од 50 денари, истакнаа од Општинската организација на Црвниот крст во Крива Паланка.

Проектот опфати и изработка на мартинки и осмомартовски честитки и нивна продажба на пазарот и во институциите во Ранковце и Крива Паланка.

– Оваа активност ја координираше наставничката по ликовно образование Нела Стојчевска, а беа ангажирани и голем број родители, така што проектот навлезе во скоро секој дом во нашата општина, велат волонтерите на Црвениот крст.

Собрани се вкупно 8.300 денри со кои се набавени градежни материјали за да се направат два ѕида во импровизираната куќа на семејството.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски