А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Црвен крст: Ранливото население има потреба од помош и поддршка

by А1он08/05/2019 - 14:56266
Share0

Црвениот крст на Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со цел да инспирира и да ги промовира хуманитарните активности кои ги спроведува оваа организација и националните друштва, но и да укаже на потребата за помош и поддршка на ранливото население.

Добивај вести на вибер

-Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина е меѓународен ден посветен на намалување на страдањето на луѓето, зачувување на човековото достоинство, заштита на животот на луѓето, надминување на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи како што се поплави, епидемии и земјотреси. Нашите принципи на кои се потсетуваме на овој ден се непристрасност, хуманост, неутралност, универзалност, независност, единство и волонтерска служба, рече претседателот на Црвениот крст на Република Македонија Ромел Велев.

Сакаме, рече тој, да го свртиме вниманието на јавноста на нашата основна цел, а тоа е, да го штитиме животот и добросостојбата на луѓето изложени на ризици и да го зачуваме достоинството на жртвите од вооружени судири и други видови на насилство.

-На светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 Мај, ја прославуваме храброста и постигнувањата на нашите волонтери и вработени, чии животоспасувачки услуги и други активности го менуваат животот на луѓето и ја покажуваат нашата секојдневна заложба кон хуманоста. Ние сме присутни на локално и меѓународно ниво, независни и неутрални, и сме секаде за сите луѓе, додаде Велев.

Низ целиот свет, според него, ова движење обезбедува широк опсег на услуги за најранливото население во различни контексти – од обезбедување на одговор при катастрофи и конфликтни ситуации, па се до обезбедување на помош во урбани средини и тешко достапни области, и застапување во име на оние кои имаат потреби пред властите во државите.

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина годинава се одбележува под мотото „Љубов“. Овој ден претставува годишно одбележување на принципите на меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Овој ден се одбележува во чест на основополжникот на ова движење Анри Динан, кој е роден на 8 мај 1828 година, а е добитник на првата Нобелова награда за мир.

crven krst

Би можело да ве интересира

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он19/11/2025 - 15:11

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Горан Наумовски28/03/2025 - 13:56

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Горан Наумовски24/03/2025 - 16:46

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Предраг Петровиќ14/10/2023 - 14:55

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on05/09/2023 - 14:1105/09/2023 - 15:03

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски05/05/2023 - 13:2105/05/2023 - 13:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен