Црвен крст од Неготино со признание за најуспешна организација

Од:

Општинската организација на Црвен крст од Неготино денес по втор пат доби признание за најуспешна организација кога е во прашање програмата Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности.

Пехарот кој го доделува републичкиот Црвен крст го прими секретарот на неготинскиот Црвен крст, Блаже Настов.

-Ова е само уште една потврда дека ние навистина работиме на полето на хуманоста. Така ќе продолжиме и во иднина бидејќи неготинци и демиркапијци се навистина хумани луѓе. Како што гледате признанието го добиваме во присуство на наши колеги од основни организации на црвен крст од други градови кои добија благодарници, но и други многубројни гости, рече Настов во изјава за медиумите.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски