Црвен крст: Имајте сет за прва помош, никогаш не знаете кога ќе ви притреба

Од:

Биди подготвени. Однапред подготвен сет со материјали за Прва помош секогаш треба да чувате во домот или во автомобилот. Никогаш не знаете кога ќе ви треба, порачува Црвениот крст на Град Скопје по повод Светскиот ден на прва помош.

Во соопштението испратено до јавноста, Црвениот крст посочува дека е важно секој граѓанин да има основни познавања за укажување прва помош и да ги надградува тие знаења. Според Црвениот крст, ова е особено важно во време кога се соочуваме со пандемијата од Ковид -19.

– За време на пандемијата од Ковид-19, луѓето ќе продолжат да се повредуваат или да се разболуваат од истите причини како и пред да настане пандемијата. Сепак, можеби ќе се двоумат да повикаат служби за итни помош или да одат во болница од страв од заболување од КОВИД-19, што може да доведе до потешки последици доколку соодветно не се третираат. Од друга страна, болниците или службите за итни случаи може да работат со ограничени капацитети или пак само со итни случаи. Затоа, важно е секој од нас да ги познава основите на прва помош бидејќи таа може да спаси животи, се наведува во соопштението.

Ланецот на постапки за преживување, спречување и подготвеност при пружање на прва помош во време на Ковид-19 се состои од следните чекори – превенција и подготвеност, рано препознавање, обезбедување прва помош и повикување и пристап до соодветна медицинска грижа (доколку е потребно).

Знаењата од прва помош, како што истакнуваат од Црвениот крст, може да спасат живот.

– Свесни сме дека ризиците од повреда во домаќинството се поголеми за време на пандемија. Сѐ повеќе луѓе престојуваат во своите домови, од каде што всушност и работат. Тоа често пати значи дека во домот се појавуваат сѐ повеќе обврски на кои треба да се одговори. Паралелната грижата за децата/ членови во семејството и работата во исто време е предизвик. Во вакви околности, повредите во домаќинството за жал се голем ризик, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски