Црногорец наместо да се извини за искршена маса во гостилница во Скопје, го претепал сопственикот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка и одреди притвор за црногорски државјанин за сторено кривично дело – тешка телесна повреда, кој во ноември искршил маса во гостилница, а три дена по настанот кога со уште едно непознато лице дошол да му се извини на сопственикот го претепал до бессознание.

– Осомничениот, заедно со непознато машко лице, на 9 ноември годинава скршиле маса во гостилница во Скопје. Потоа на 13-ти истиот месец тој повторно со едно непознато лице се вратил во истата гостилница и му се извинил на оштетениот за своето претходно однесување. Но, на излегување, без повод и причина, го нападнале оштетениот и тешко телесно го повредиле, удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Од ударите оштетениот се здобил со повеќе скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот и непознатото лице го напуштиле местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов