ЦРМ: Различни аршини на судовите за функционери и за обични граѓани

Од:

Судската пракса покажува дека во Македонија постојат два вида судски процеси за навреда и клевета, една која се применува кога тужбите се однесуваат на „обични“ граѓани, и друга кога како странки во процесот имаме високи владини функционери. Тоа е носечкиот заклучок од дебатата што се одржа денескa , во организација на Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) од Скопје.

На дебатата беа претставени наодите од Вториот периодичен извештај од следењето на судските процеси за навреда и клевета во кои се тужени новинари и медиуми, што го покрива периодот од 1 март до 15 јуни 2014 година, подготвен од Центарот за развој на медиуми.

„Кога се работи за случаи во кои како една од страните се јавуваат државни функционери, односно политичари, видливо е дека тие се одвивааат побрзо, односно постои тенденција за поитно постапување на судот, а примената на Европската конвенција и праксата од Стразбур е недоследна и во насока на поголема заштита на честа и угледот на функционерите. Впрочем, ова го покажува и анализата на двете правосилни пресуди Груевски-Петковски и Јакимовски-Лупевска“, пишува во анализата.

Повеќето од учесниците се согласија дека проблемот не е лоциран во Законот за граѓанска одговорност за навредата и клеветата со кој тие две дела беа префрлени од кривичното во граѓанското законодавство, туку во неговата примена од страна на судиите и двата „аршини“ што се применуваат кога како странки во процесот се јавуваат високи владини и државни службеници и, од друга страна, обични граѓани.

Претставниците на невладините организации што работат на полето на заштита на човековите права не се согласија со тој став и наоѓаат неколку замерки поврзани со законскиот текст. Беше посочено, на пример, дека законот, затоа што предвидува ограничување на висината на можното обештетување за нанесена нематеријална штета само за новинарите во суштина е дискриминаторски кон сите останати граѓани.

Дебатата ја модерираше новинарот Саше Димовски, а како воведничари настапија адвокатот Филип Медарски, новинарите Јадранка Костова, главна уредничка на неделникот „Фокус“, Ацо Кабранов од информативната веб-страница Либертас.мк, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Насер Селмани, и Владимир Медарски од ЦРМ, кој го претстави извештајот.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време