ЦРМ: Нацрт-деловникот ја ограничува јавноста во работата на АВМУ

Од:

„Денеска истекува рокот за јавна расправа по Нацрт-деловникот за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), кој е објавен на интернет-страницата на Агенцијата. Имајќи го предвид фактот дека деловникот претставува најважен подзаконски акт со кој се регулира работата на АВМУ, Центарот за развој на медиуми, направи детална анализа на предложениот текст и достави правен коментар до Агенцијата.

ЦРМ има суштински забелешки на Нацрт-деловникот на АВМУ особено на оние одредби кои ја ограничуваат јавноста и транспарентноста на работата на Агенцијата, како и на оние одредби кои овозможуваат дополнително финансирање на АВМУ и поголеми овластувања на директорот во трошењето финансиски средства.

ЦРМ смета дека АВМУ мора да биде целосно транспарентна во својата работа и мора да обезбеди јавност на седниците на Советот. Нацрт-деловникот предвидува забрана за следење на седниците кога се изнесуваат информации од доверлив карактер, а притоа не дава никаква дефиниција за овој вид информации. На ваков начин се остава можност за манипулација со јавноста. Затоа, предлагаме да бидат избришани  одредбите кои ја ограничуваат јавноста на седниците, бидејќи тие во својата суштина претставуваат повреда на начелата на транспарентно и јавно работење на независниот регулатор.

ЦРМ смета дека деловникот треба да содржи одредби кои ќе го гарантираат финансирањето на АВМУ само од приходи обезбедени од радиодифузната такса и надоместоците предвидени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ). Секое финансирање на независното регулаторно тело надвор од средствата кои се собираат од радиодифузната такса и надоместоците кои се плаќаат за дозволи за вршење радиодифузна дејност, како што е предложено во Нацрт-деловникот, отвора можност за финансиско влијание врз регулаторот, и на тој начин се доведува во прашање неговата самостојност.

ЦРМ предлага и ограничување на дел од овластувањата на идниот директор на Агенцијата. Сметаме дека е недозволиво овој орган кој е организациски и функционално зависен од Советот на АВМУ, да може да одлучува за финансиски трошоци без да биде утврден нивниот максимален износ како што е предвидено со Нацрт-деловникот.

ЦРМ оваа правна анализа ја изработи во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија, Проект за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера. Комплетната правна анализа може да ја прочитате на интернет страницата на Центарот за развој на медиум: www.mdc.org.mk“, се вели во соопштението на Центарот за развој на медиуми.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време