ЦП на Алтернатива го овласти Гаши да отпочне разговори за потенцијални соработки во рамки на албанската опозиција

Од:

Централното претседателство на Алтернатива го овласти претседателот на партијата Африм Гаши да отпочне разговори за идни потенцијални соработки во рамки на албанската опозиција, било тоа во рамки на Собранието или во рамки на евентуални идни коалициони соработки, истакна ви изјава за медиумите партискиот портпарол Орхан Муртезани.

-Ова од страна на Алтернатива се смета како еден чекор во насока на идните евентуални соработки и до ова е дојдено како резултат на слушање на гласот на албанскиот електорат во Македонија којшто веќе 20 години инсистира на промени, рече Муртезани по завршувањето на состанокот на Централното претседателство на партијата.

На новинарско прашање до каде може да оди соработката со Движењето Беса и дали може да има некаква коалициска соработка на следните избори, Муртезани рече дека не ограничиле како ќе тече оваа соработка.

-Не ограничивме како ќе тече оваа соработка. Затоа Централното претседателство го овласти претседателот без никакви ограничувања, било за соработка во рамки на Собранието или било за можни предизборни коалиции во иднина. Подготвени сме и отворени за секаков вид на соработка, рече тој.

Муртезани соопшти дека вечерва на состанокот на Централното претседателство на Алтернатива е разговарано за актуелните теми поврзано со уставните измени, со предлог амандманот на Алтернатива за незастарување од политичка корупција, евроинтегративните процеси.

Прашан дали со ова покажуваат дека поминале претходните препукувања меѓу Беса и Алтернатива, Муртезани изјави дека не ги заборавиле политичките разлики што ги имале во минатото, но и сегашните.

-Ние не ги заборавивме политичките разлики кога имавме соработка со други партии за време на изборните циклуси, ниту во овој случај не ги забораваме политичките разлики што ги имаме, но гласот на граѓаните е многу јасен и тоа се бара во овој случај, да се надминуваме себеси и да можеме да создадеме простор да овозможиме реализација на политички промени во албанската опозиција, рече Муртезани.

Би можело да ве интересира

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов

Меџити, Касами и Гаши на средба за да ги дружат силите