А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЦИВИЛ: Јавно извинување на Ромите и одговорност за делата против Уставот и Законите

by А1он10/03/2015 - 11:0310/03/2015 - 14:23153
Share0

„Навредливиот речник и бруталниот однос кон Ромите за кои се дознава од аудио снимките на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се крајно неприфатливи и заслужуваат секаква осуда. Истовремено, ова е уште една потврда на извештаите од изборното набљудување на ЦИВИЛ.

Добивај вести на вибер

Пежоративните називи за Ромите, нивното маргинализрање, уценувањето и купувањето на нивните гласови е неморална и противзаконска пракса на власта, за што добивме дополнителни докази од јавното преслушување на аудио снимките кои ги претстави опозицијата“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

„ЦИВИЛ се придружува кон барањето за јавно извинување на Ромите од Владата, кое го упати Здружението „Романо Авази“.

Покрај поддршката на барањето владата да се извини, ЦИВИЛ ја користи оваа прилика уште еднаш да го истакне своето барање за одговорност на сите функционери за кои постојат индиции дека сториле дела против Уставот и законите на Република Македонија“, велат од ЦИВИЛ.

Во соопштението на Здружението „Романо Авази“ стои: „Бараме од Владата на Република Македонија јавно да се извини на Ромите за она што цела јавност го слушна вчера. Нарекувањето на припадниците на ромскиот народ со навредувачкиот збор „циган“ е доказ за расизмот кој владее, се надеваме меѓу поединци во Владата. Прекршена е меѓу другото меѓународната декларација за човекови права иако Македонија е една од земјите потписнички на истата. Почитувани претставници на Владата, извинете се и преземете мерки ова да не се повтори“.

civilromi

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:4806/02/2026 - 11:08

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Горан Наумовски04/02/2026 - 19:14

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Катерина Ѓуровски06/11/2025 - 13:32

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ08/04/2025 - 12:3308/04/2025 - 16:35

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on24/04/2024 - 19:04

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска06/04/2023 - 16:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен