ЦИВИЛ: Грабежот во Плусинфо има сомнителна заднина

Од:

„Според информациите објавени на порталот Плусинфо, во седиштето на Редакцијата, синоќа после 21.30 часот било обиено. Речиси целокупната опрема, која се состои лап-топ компјутери и фотографска опрема е украдена. Симптопматична е постапката на разбојниците кои темелно претурале по фиоките, а на подот се забележуваат расфрлани службени документи на редакцијата – фактури, проекти, списоци и слично.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја изразува својата поддршка на Плусинфо и апелира до властите веднаш да ги пронајдат престапниците, со цел опремата да биде вратена на Редакцијата Плусинфо.

Политичките состојби во земјата ги оправдуваат сомнежите на ЦИВИЛ и на пошироката јавност дека во случајот Плусинфо не се работи за обичен грабеж, туку за притисок и пресметка со еден независен медиум, што е сериозен удар за целата слободномислечка јавност. Ги споделуваме сомнежите дека ова претставува атак со очигледна намера, не само да се нанесе материјална штета, туку да се заплашат новинарите и да се попречи нормалното функционирање на овој високо видлив независен медиумски продукт.

Апелираме и до донаторската заедница да ѝ помогнат на Редакцијата на Плусинфо да ги санира штетите што поскоро, за да продолжи со својата работа која е исклучително важна за развојот на демократијата во Македонија“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски