А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Циклонот Давид вечерва ќе ја погоди Македонија

by А1он27/01/2015 - 18:15141
Share0

До крајот на денот не очекува претежно облачно време со слаби и локални врнежи од дожд и снег.

Добивај вести на вибер

Во среда во Македонија ќе биде претежно облачно. Услови за слаби локални врнежи од снег ќе има во западните и југозападните предели. Во вечерните часови постојат услови врнежите да се прошират и во централните и јужните предели.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -5°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C.

Во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне.

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб јужен и југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе се засилува.

Утринските температури од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 10°C.

Петок носи промена на врменската состојба. Македонија ќе биде под влијание на нова циклонот Давид кој ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и пад на воздушниот притисок. На планините над 1100 метри со врнежи од снег.

Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.

Врнежите ќе бидат проследени со силен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува силен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Утринските температури од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°C односно до 11°C.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен