Чулев: Нула толеранција за изборни нерегулaрности

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го посета полициското одделение Јегуновце кое е во состав на тетовскиот Сектор за внатрешни работи, соопшти МВР.

Чулев ги повикува полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори. Според него, стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори.

– Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова. Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тие масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право, изјавил Чулев во своето обраќање пред полицајците.

Би можело да ве интересира

Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Предраг Петровиќ

Наќе Чулев: Јас ја реактивирав истрагата за пасошите, Спасовски чекаше предолго да ја заврши

Жарко Настоски

ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

ВИДЕО: Отказ за советникот на Чулев кој нападна началник и предизвика инцидент за време на полициски час

Кристијан Ландов

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска