Чулев бара обезбедувањето од Спасовски и Петровска до вечерва да ги вратат возилата

Од:

Наќе Чулев преку телеграма ги известил службите на МВР да бидат одземени возила кои се дадени на користење на обезбедувањето на премиерот Оливер Спасовски и заменик-министерката на МВР, Славјанка Петровска, дознава „А1он“. Во телеграмата стоело дека возилата треба да се вратат до 20 часот вечерва. Станува збор за над 5 возила.

Чулев не одговори на пораките од „А1он“, во кои беше прашан зошто побарал да се вратат возилата без кои обезбедувањето не може да ги извршува своите задачи, но досега, нема одговор. Неофицијално, образложението било дека тие се потребни во неговиот кабинет и затоа мора да бидат вратени.

Заменик-министерката Славјанка Петровска потврди дека имало таква телеграма, според која треба да ги вратат возила назад во МВР, но вели дека се уште нема информација од Чулев дали станува збор за превид.

Обезбедувањето на премиерот се одредува според претходно направени безбедносни проценки, а според законите, со вакво постапување се загрозува безбедноста на Спасовски и неговото семејство.

Ова е втора телеграма за која јавноста дознава, а која во изминативе денови ја испраќа министерот Наќе Чулев. Претходно, тој преку телеграма издаде наредба да не се врачуваат решенијата за вработувања потпишани од неговиот претходник, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски