Уште една статија на Атлантик Сајтс за проектот Скопје 2014 и последиците од него, со наслов „Чудната потрага на Скопје за менување на историјата… со скулптури.
Во текстот на новинарката Армин Росен, се наведува дека Грција е загрижена дека со употреба на името Македонија, државава има територијални претензии кон грчкиот регион-Македонија, кој го вклучува и главниот пристанишен град Солун.
– Во реаланоста нема никаков доказ дека Македонија, всушност крие таква амбиција, по што е повеќе веројатно дека спорот за името е вкоренето во грчкиот страв дека Македонија полага право на делови од грчкото наследство за себе , пред се Филип Македонски, Александар Велики, Византиската империја, и процутот на православното христијанство. За Грција, префиксот “Поранешна Југословенска Република” е гаранција дека на меѓународната сцена е ставена утешна разлика помеѓу модерната држава Македонија, и грчката територија и историја.Како изгледа ова во реалноста се покажа со грчкото вето во 2008 година врз поканата за Македонија за влез во НАТО.
Лоринг Данфорт, професор по антропологија на Бејтс колеџот и автор на книгата за спорот Грција-Македонија, вели дека од инсистирањето и присовјувањето на античката историја во регионот произлегуваат чувствителните прашања кои добиваат неочекувана современа димензија.
“Ако сте израснале учејќи во грчки или македонски училишта, тоа ќе биде слично на ситуацијата кога некој тврди дека Џорџ Вашингтон бил Британец, или ако Британците тврдат дека бил еден од нивните национални херои”, вели Данфорт за контроверзноста околу тоа на која земја со поголемо право и припаѓа Александар. Двете страни кои се вклучени во контроверзноста околу националниот симбол-името, веруваат дека се во право и тврдат тие поседуваат неизбришливи аспекти на нивното национално битие.
Тој наведува дека еден од најпроблематичните начини за излез од кризата е токму глорификацијата на националистичката нарација во мермер и бронза, во размери со кои треба да се елиминираат сите сомнежи.
-Тоа е приказна за историските достигнувања, од кирилското писмо на Свети Кирил до освојувањата на Цар Самуил, на херојскиот отпор против вековната отоманската окупација, бугарските и грчки заговори и тоталната незаинтересираност на големите сили. Како и секој добар национален мит, и овој е замислен да заврши со победа и преродба во името на славата од минатото, разгорувајќи ја подеднакво таа слава и во денешно време.
Експлозијата од нови објекти во режија на Владата во центарот на Скопје, проектот наречен Скопје 2014, е суров, во стилот на Лас Вегас, и обид да се наметне истовремено историско и естетско единство каде што тоа не постои. Проектот вклучува десетици статуи, огромни нови владини згради, и орнаментирани мостови, фонтани. Тоа е проект на владејачката македонска партијата за национално единство, која асоцира дека дека има корени во револуционерното движење против отоманските Турци од 19 век. Скопје 2014 “се случува во една мала земја, со 2 милиони жители и голем број на малцинства и верски групи, каде што во државниот концепт на идентитет е потребно да се вклучат сите жители”, вели Јулија Леклер, експерт за урбанизам на Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен која во моментов има универзитетски проект во Скопје, фокусиран на Скопје 2014″.
“Главното влијание на проектот е што естетски се уништува центарот на Скопје”, вели Леклер, која забележува, на пример, дека со новата зграда се затскрива и брише објектот на поштата, иконата на бруталната архитектура.”
Посетителите можат да гледаат во големи мажи на коњи, музички фонтани, колонади, галерии на отворено од цареви со камени лица, црковни оци и герилци од 19 век. Но Македонците се заглавени во овој градежен бум, и многу од нив се чини дека се противат на тоа. Леклер вели во обидот да се реши некоја од најголемите дилеми со кои се соочува Македонија, овој проект може да предизивика некои непријатни прашања, дури кои можат да продрат подлабоко во невралгичната национална свест. “Повремено се стекнува впечаток дека не постои друг проблем во Македонија”, вели Леклер.
Со Скопје 2014 сака да се реши македонската историја еднаш и засекогаш. Да се искорени етничката разновидност во 21-годишната модерна држава со обединувачка визија за минатото. Без разлика дали тоа ќе успее или не, обидот остава длабок белег на градскиот пејзаж.
Секаде, вклучувајќи и во некои туристички мапи на градот,Воинот на коњ е всушност Александар Велики, иако по конфликтот со Грција е забрането Македонија да го претставува како свој официјален херој. За Данфорт, врската помеѓу Александар и која било модерна нација-држава, без раазлика далие тоа Грција или Македонија-е кревка.
-Тоа е пример за лошо образование и неточна историја, кога некој се обидува на луѓе како Александар Велики или Цар Самоуил да им наметне национелен идентитет од 20 век.