Чинговски се повлече од ЕЛЕМ, причините-лични

Од:

Влатко Чинговски и Дејан Бошковски  се повлекоа од АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО. Официјално причините за одлуката се лични.

Надзорниот одбор на  АД ЕЛЕМ  на денешната седница констатирал дека се исполнети сите услови за отповикување на Влатко Чингоски и го усвоил неговото барање.

Чингоски, кој на функцијата директор и претседател на УО на АД ЕЛЕМ беше шест години се повлекува од лични причини, без да наведе кои. Чинговски се споменуваше како дел  од „новиот бран “  да добие амбасадорско место, но сега нема никакви детали.

„ Сметам дека во изминатиот шестгодишен период целосно се вложив, со сите идеи и можни активности, се со цел од АД „Електрани на Македонија“ да направам современ, ефикасен и пред се, економски корисен субјект во земјава, и да ја зајакнам како технички, така и финансиски и инвестициски и да се обидам да го етаблирам местото и улогата на ЕЛЕМ не само во рамките на Република Македонија, туку и надвор од нејзините граници, пред се на регионален план. Иднината ќе покаже дали и колку сум успеал во тие напори“, соопштува Чингоски.

Слични причините и на Бошковски.

„По 20 месеци посветена работа задоволство е да се согледа сработеното, да се анализира стекнатото знаење и новите искуства. Предизвиците за зголемување на ефикасноста во управување  со електроенергетскиот систем и надградба на преносната мрежа го трасираа патот и ја креираа агендата и за иднина“, стои во изјавата на Бошковски.

 

Би можело да ве интересира

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски

ЕЛЕМ: Интервенција при самозапалување на турбинско масло во „Енергетика”, нема прекин во снабдувањето со струја и парно греење

Ана Ололовска

Ковачевски: Малото поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Жарко Настоски

Синдикат на ЕСМ: Правата на нашите членови се загрозени од лица кои се претставуваат во име на поранешниот синдикат на ЕЛЕМ

Ландов