Тим на доктори ќе ја изврши четвртата трансплантација на срце во Македонија. За ова на социјалните мрежи објави министерот за здравство, Венко Филипче. По трансплантацијата на срце, ќе се изврши и трансплантација на бубрези и коски.
„Започнуваме подготовки за четврта трансплантација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш“, напиша Филипче.
Донорот на органите е 44 годишна жена од Скопје, мајка на две деца, која починала како последица на мозочен удар.