Четворицата сомнителни се позитивни на индискиот сој, ќе се разгледува можноста за воведување рестриктивни мерки

Од:

Бројот на заразени со „делта-сојот“ во земјава се искачи на десет лица откако беше потврдено дека тој е присутен кај четворицата сомнителни за кои вчера соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Како што дознаваме, станува збор за свекор и за снаа, од кои свекорот е во потешка состојба и е поставен да дише на респиратор. Тие живееле во заедница и биле дојдени од странство, но нема докази дека вирусот го донеле однадвор. Останатите двајца се брачен бар, Американци, исто така дојдени од странство кои се веднаш хоспитализирани и нивната состојба е стабилна.

Ниту еден од нив не бил вакциниран.

Во моментов епидемиолозите вршат проверки на нивните контакти.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска повторно апелираше дека вакцинацијата е единствен начин за заштита од делта-сојот и дека во понеделник со Комисијата за заразни болести ќе се разгледува можноста за воведување нови рестриктивни мерки.

„Состојбата генерално е мирна, некаде нема ниту еден хоспитализиран во болниците во државата, а некаде дел од ковид центите се целосно затворени. Со Комисијата со заразни болести во понеделник ќе се разгледува за потребата од нови рестриктивни мерки. Ова е ситуација која ни покажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Погледнете ја Англија, индискиот сој е присутен, но има попуштање на мерките поради високиот процент на вакцинација“, изјави Филипче.

Тој додаде дека од понеделник, освен теренската вакцинација, ќе можат да се вакцинираат и децата над 12 години (со вакцината „Фајзер“), а граѓаните од понеделник ќе немаат потреба да закажуваат термини за вакцинација, туку директно ќе можат да одат на пунктовите и да примат вакцина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски