Четворица вработени во Антикорупциската комисија позитивни на коронавирусот

Од:

Четворица вработени во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се позитивни на коронавирусот. Станува збор за вработените во службите на комисијата, а позитивен на Ковид-19 не е ниту еден член од комисијата.

Информацијата за „А1он“ ја потврди претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

„Вработените се добри и ниту еден од нив нема симптоми. На докторите им го предочив ризикот од ставање на сите вработени и членови на комисијата во изолација, со оглед на тоа што во претстојниот предизборен период комисијата има зголемени надлежности во следењето на изборната кампања. Од тие причини, кај сите вработени и членови во понеделник ќе се изврши тестирање“, изјави за „А1он“ претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Антикорупциската комисија, откако почна корона кризата во земјава, седниците ги одржуваше без присуство на новинарски екипи.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев