Четири рочишта за предмети на СЈО закажани неделава во Кривичниот суд

Од:

Четири рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство се закажани неделава во Кривичниот суд.

Во вторник, на 26 декември закажани се судења за предметите „Траекторија“ и „Труст“.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Во судот рочиште треба да се одржи и за предметот „Труст“ во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Во среда продолжува судењето за предметот „Насилство во Центар“, во кој се обвинети 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

В четврток ќе се одржи рочиште за предметот „Триста“, што воедно ќе биде и последно судење за предмет на СЈО во Кривичниот суд за оваа година.

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов