Честитка од Заев за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура.

„Сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Благодарни сме што го поставија темелот на писменоста, како наше основно културно и национално обележје. Придобивките коишто ги жнееме денеска, почитувајки го јазикот, писмото и културата, се огромен влог со којшто нè задолжија сите нас.

Преку својата благородна и просветителска дејност на овие простори, браќата Кирил и Методиј ја направија Македонија лулка на словенската култура и писменост, испишувајќи со тоа светли страници од македонската културна самобитност.

Одбележувајќи го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значење на почитувањето на универзалните, културни и човечки вредности кај луѓето.

Големите дела на Браќата Кирил и Методиј не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на културно издигнување со меѓусебно разбирање и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме како вредности на нашето општество“ се вели во честитката на претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Овој ден нека нè поттикне и понатаму да се гордееме со нашето културно и духовно наследство

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Ана Ололовска

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

Ана Ололовска

Џафери предводи државно – црковна делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил

Ана Ололовска

Скен: Договореното со Бугарија е историски неточно, извртено и неодржливо – ако политиката капитулираше, научната мисла е жива

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски и Радев заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј во Рим

Жарко Настоски