Честитка од Џафери по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

– Република Македонија ја градиме сите заедно и секој придонес, било индивидуален или колективен е значаен придонес во насока на развојот и просперитет на државата. Нашите различности и специфики не прават да бидеме посебни, меѓутоа сплотувањето на тие разлики ја прави сликата побогата и поживописна во секој поглед – во културата, во образованието, во економијата, и во сите други области од општествениот живот, вели Џафери во честитката.

Заедно, додава претседателот на Парламентот, да изградиме напредна, безбедна, стабилна држава, држава со европски вредности и стандарди на почитување на човековите права и слободи и различности, држава на која ќе бидат горди поколенијата што доаѓаат после нас.

Би можело да ве интересира

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

Орце Костов

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

Орце Костов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Џафери-Рот: Уставните измени нема да бидат на штета на ниту еден Македонец во земјата

Ана Ололовска

Џафери: Нема седница за пратенички прашања, Владата е во оставка