Чесни сестри на карпи и ангели – нова инвазија на плоштадот

Од:

Откако стана јасно дека Субрата Рој нема да го гради и плати ниту споменикот на Мајка Тереза, обврската ја презеде Министерството за култура, кое за новиот споменик и фонтана ќе истури неколку милиони евра, односно сумата се движи до осум милион евра спред понудите на тендерот за изведувач.

Утрински весник открива дека со споменикот на Мајка Тереза кој е можно да биде повисок и од тој на Александар Македонски, ќе се гради и фонтана со повеќе елементи.

„Со огласот се бара изведувач на скулптурална композиција, поточно да се изгради ликот на нобеловката заедно со ангели како дел од фонтана (композиција налик на онаа на плоштадот „Филип Втори“) која ќе ја краси и цвеќарник и други елементи. Од распишаниот оглас можеше да се заклучи дека композицијата ќе ја сочинуваат фигури на Мајка Тереза со болно дете и родители кои ќе зафаќаат простор од речиси 12 кубни метри. Дел од композицијата треба да бидат и фигури на чесна сестра со инвалид, чесна сестра со болен што седи, чесна сестра со болен што лежи и чесна сестра со болен што седи на карпа. Фонтаната ќе ја красат неколку помали во различни положби и еден централен ангел. Ќе има и декоративни елементи во вид на пехар. При изработка на спомен-обележјето ќе се користи бронза, мермер, инокс и други материјали вообичаени за изведба на спомениците и другите зданија од „Скопје 2014“, пишува Утрински весник.

Идејното решение е на Валентина Стефановска и Кирил Мукаетов.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски