Чавков: Нема потреба од специјално одделение во МВР за случаите на СЈО

Од:

Мое лично и професионално мислење е дека нема потреба од таков пристап од едноставна причина што Законот за кривична постапка ги решава сите тие прашања и според тој закон кој било обвинител дали е тоа Основното јавно обивнителство или СЈО можат согласно законот да ангажираат секого за кого сметаат дека треба да биде ангажиран и толку колку што сметаат дека треба да бидат ангажирани.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Митко Чавков на новинарското прашање во врска со предлогот за формирање специјално одделение во МВР кое ќе работи на случаите на Специјалното јавно обивнителство

– Не ја гледам логиката зошто би имало потреба од таков посебен организациски орган. Не е логично, ниту е функционално. Едноставно ја имаат целата правосудна полиција на располагање и без преговори со министер или со директорот, јавниот обивнител може со наредба да назначи било кое лице, изјави Чавков на денешната прес-конференција.

На прашањето дали има некаква одлука за началникот на 5-та Управа, Горан Грујоски, министерот Чавков информираше дека се уште нема одлука затоа што тој е на боледување, а неговиот статус не може да се третира додека е на боледување.

– За Ивица Анчевски се уште ситуацијата е статус кво, исто како што е за Примислав Димовски за кого исто така има кривична и дисциплинска постапка. Дисциплинска постапка има и за поранешниот началник на СВР-Куманово, поранешниот началник на СВР-Битола, така што сето тоа е во рамки на Законот за внатрешни рабпти и нема ништо спорно, одговори Чавков.

На новинарско прашање за полициското обезбедување за време на протестите, министерот Чавков појасни дека безбедносните проценки се прават на тактичко ниво во рамки на СВР Скопје. Чавков тврди дека се обезбедуват објекти од витално значење, меѓу кои не е седиштето на ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Чавков пренесен во приватна болница во Скопје, му се влошила здравствената состојба

Жарко Настоски

Чулев без оглас ја унапредил сопругата на Чавков за три скалила повисоко во МВР

Кристијан Ландов

Не помина иницијативата за амнестијата на Чавков пред Уствен

Васко Маглешов

Чавков доби негативно мислење од уставниот судија Стојановски за амнестијата за 27 април

Васко Маглешов

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Чавков двапати повтори пред судот дека е од Република Македонија

Ана Ололовска