Чаусидис до Попоски: Најопасни се незнаењето и свесната глупост

Од:

Реакција од ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој кажа дека не знае зошто новинарите вчера протестираа за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски кога тој веќе бил пуштен на слобода од затворот „Скопје“.

– Па, добро, зарем мислеа дека привременото пуштање на слобода на новинар осуден за текст ќе смени нешто? Не знам како посебно да ја коментирам таа „зачуденост“ и „неинформираност“ на министерот и на другите на кои исто не им е јасно зошто илјадници вчера протестираа, освен да ги повторам зборовите на Мартин Лутер Кинг: „Ништо на светот не е поопасно од незнаењето и од свесната глупост“ – вели Тамара Чаусидис од Самостојниот новинарски синдикат во реакцијата за „Мета“ на изјавата на Попоски.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, за „Мета“ вели дека битката не завршила со вчерашниот протест пред Владата и најавува понатамошни активности.

– Ние ќе се погрижиме да ја одржиме тензијата докрај, но кои ќе бидат нашите активности нема да им откриеме наеднаш, вели Селмани.

Новинарот Кежаровски вчера ненадејно беше пуштен од затворот „Скопје“, каде беше префрлен од домашен притвор во петокот вечерта. Апелациониот суд, му изрече двегодишна затворска казна во случајот „Ликвидација“.

Кежаровски беше ослбоден само неколку часа пред протестот на новинарите и на новинарските здруженија пред Апелациониот суд, кој потоа со марш се префрли пред Владата.

На протестот, претставниците на новинарските здруженија и новинарите упатија жестока порака до власта и отворено ги изразија сомневањата околу вистинските причини за апсењето, притворањето и за пресудата на новинарот Кежаровски.

Покрај решението за привремено пуштaње на новинарот од затвор, поради здравствени причини, од директорот на затворот „Скопје“ до Основниот суд Скопје 1 е упатено барање за условен отпуст на Кежаровски, по кој судот треба во наредните денови да излезе со став.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот