Чаир, Гази Баба и Сарај со најмногу активни заболени од коронавирус во Скопје

Од:

Чаир, Гази Баба и Сарај се општините каде што има најголем број активни заболени лица од Ковид-19, покажуваат најновите статистики на Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство.

Во моментов, во Скопје има 199 активни случаи на заболени од коронавирусот, a речиси 60 отсто од активните заболени се од трите скопски општини.

„А1он“ ја побара статистиката според општини, од која произлегува дека најмногу заболени има во Сарај – 41 лица, потоа следува Гази Баба – 39 лица, Чаир – 38 и Аеродром – 25. Во останатите општини има од еден до тринаесет заболени.

Денеска во Скопје беа регистрирани 12 нови случаи на Ковид-19. Од нив, најмногу се од Гази Баба – 5 лица, по двајца од Бутел и од Чаир и по едно лице од Сарај, Карпош и од Аеродром.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Најмногу активни случаи има во Скопје (199), Тетово (77), Прилеп (48), Велес (43) и Куманово (34).

 

Би можело да ве интересира

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче