Централен регистар: Поради закани кон вработени против Емил Јакимовски е отворена дисциплинска постапка

Од:

Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осуди заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на „А1он“, Мери Јордановска.

„Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.

Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија, каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.

Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, напиша Марија Бошковска – Јанковски, директорка на Централен регистар“.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Синдикатот на новинари бара зголемување на минималната плата и се приклучува на протестот на работниците

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски